29. 1. 2014.

Две Програми значајни за субвенциите во 2014 (Трета епизода)

Првата програма која ја чекав да се појави во службен весник носи наслов:


Оваа Програма беше објавена во Службен весник на РМ, бр. 15 од 27.01.2014 година


Заклучоци:

  • Мерката под бр. 2.19 (Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство) ќе има краен рок за почеток на исплата на средствата во март 2015 год.



  • Ќе се субвенционираат (на стр. 4) премии за осигурување на пчелни семејства до најмногу 100 пч. семејства.
  • Корисниците на директни плаќања од дел I мерка 2 од оваа програма се земјоделски стопанства кои имаат подмирени надоместоци и обврски кои произлегуваат и од Наредбата за здравствена заштита на животните и Законот за идентификација и регистрација на животните.




Втората програма, беше веќе порано објавена (Службен весник на РМ, бр.10 од 20.01.2014 година) и носи наслов:







Со оваа Програма се регулира набавката на пчелни матици, за која се определени 1.000.000 денари.

Краен рок за поднесување на барања за финансиска поддршка за набавен приплоден добиток и набавени пчелни матици во 2014 година е 30 јуни 2014 година.

Со оваа програма е предвидено да се подмират обврските од 2013 година во делот на “Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност (ПОМ)“

Не знам каде, и дали некаде се определени некакви критериуми за условите кои треба да ги исполнуваат добавувачите на пчелни матици, цените, итн.

Некои производители веќе си ги рекламираат своите матици по определена цена! (Линк за реклама 1 и реклама 2.)




Нема коментара :

Постави коментар