16. 1. 2014.

Субвенции во 2014 (Прва епизода)


Сите колеги-пчелари кои се интересираат за тоа што и како ќе биде со субвенциите во 2014, од денес можат да го отворат и прочитаат ова “Известување за аспектите кои треба да бидат исполнети за остварување на правото на директни плаќања“ кое го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во точката со реден број 9, од ова известување, пишува дека барателот мора да ги исполнува барањата пропишани во “Листата на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина“ (клик) од 13-ти март на минатата 2013 година.



За наша жал пак се повторува истата логичка апсурдност, т.е. пчеларите се задолжуваат, во име на “добра земјоделска пракса“ (точка 4.1.) да склучуваат договори со овластен ветеринар.

Тука е и обврската (точка 4.2.) да се спроведуваат мерките за здравствена заштита на животните (Годишната наредба и евентуалната Програма за сузбивање и искоренување на Американската Гнилеж).

“Нивното неисполнување може да доведе до намалување или укинување на износот за директни плаќања“, ни се закануваат од Агенцијата!

Уа, за ова, за платежната агенција! Уааа!

(Ете за што треба да разговараат нашите претставници со претставниците на Министерството за земјоделие!)

1 коментар :

  1. MORA da se cue VISTINATA..Ovie LZGOVCI od Ministerstvoto prvo neka kazat deka ne gi ISPOLNILE obvrskite kon pcelarite za 2012god.Ako ne mozat ovie RABOTI mene(pa i mnogu od VAS ne treba da ne VOZNEMIRUVAAT

    ОдговориИзбриши