Во Службениот весник на РМ бр. 10 од 20.01.2014 год. е објавена оваа:
Во оваа Уредба (стр. 8), се прецизираат условите/критериумите од дел 3 (римски) на “Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2014“ (Внимание! Не ја мешајте оваа Програма со другата, која носи наслов:“Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2014“)
Условите се следни:
- се субвенционираат регистрирани пчелни семејства
- се субвенционираат презимени пчелни семејства
- се субвенционираат земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства
- висината на директните плаќања изнесува 600 ден. по пчелно семејство
На стр. 10 од оваа Уредба е наведено дека утврдениот минимум на број на пчелни семејства се намалува за 50% (т.е. минимум 18 пч. семејства) за:
- за земјоделски стопанства на кои сите пријавени одгледувалишта им се регистрирани во населени места кои се наоѓаат на надморска висина поголема од 700 метри или пак се со број на жители помал од 100.
Важно. На оваа страница (стр. 10, пасусот над “Член 3“) наведено е дека: Корисници на директни плаќања се земј. стопанства кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот на Листата на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина (Видете за ова во постот: “Субвенции во 2014 (Прва епизода)“
Со оваа Уредба исто така се утврдува дека дополнителни 15% (од 600 ден./пч. семејство = 690 ден.) ќе се исплаќаат за пчеларски стопанства кои се регистрирани во подрачја со ограничени можности за производство (т.е.: во населени места кои се наоѓаат на надморска висина поголема од 700 метри или пак се број на жители помал од 100).
Органските пчеларства ќе добијат 30% поголема субвенција од конвенционалните, т.е. 780 ден./пч. семејство.
Исто така, органските пчелари ќе добијат 50% субвенција на трошоците за стручна контрола и сертификација, т.е. за добиен сертификат од овластено тело во 2014.
Бројната состојба за добивање субвенција се утврдува врз основа на бројката што е заведена во Регистерот за идентификација и регистрација на домашни животни - на денот на поднесување на барањето за субвенција.
Уредбата е објавена и на веб страницата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Откако ќе го разгледате овој документ, ако забележите нешто што недостасува во овие мои забелешки, ве молам да испратите дополнување во коментарите подолу.
Нема коментара :
Постави коментар