Има голем дел од нашите колеги-пчелари кои сметаат дека државата преку својот ветеринарски систем, треба да биде вклучена во борбата со заразната пчелна болест Американска Гнилеж.
Барајќи аргументи за тоа на кој начин овој систем од мерки за реакција, би имал, или немал, практично позитивно влијание на спречувањето на заразата, од искуствата во изминатите години и од ланската година, останаа некои прашања неодговорени.
Во 2013 година е извршено лабораториско испитување на мостри земени од 183 пчелни семејства во 91 пчеларници, од кои позитивно се идентификувани 70 мостри од пчелно легло на болеста Американска Гнилеж, кои потекнуваат од 9 пчеларници.
Неодговорени прашањата во контекст на овој официјален факт се следниве:
1. Дали е извршено санирање на заболените семејства од страна на овластен ветеринар?
2. Дали е извршено прегледување на пчелните семејства во соседството на заболените (сите позитивно дијагностицирани се во вкупно 9 пчеларници)?
3. Дали и колку од овие 70 позитивни мостри се земени...:
а) ...како последица на единечниот годишен задолжителен преглед направен од ветеринар, кој што зел мостра?
б) ...со самостојно пријавување и земање мостра од страна на пчеларот-сопственик?
4. Дали при дијагностика на останатите мостри од вкупно лабораториски прегледаните 183, а кои биле негативни на АГ (113), во останатите 82 пчеларници е дијагностицирана друга болест (Европска Гнилеж или др.)?
5. Дали е исплатена парична отштета за уништените пчелни семејства и уништените сандаци?
6. Ако отштета е исплатена, за колку време е извршена исплатата, сметајќи од уништувањето?
7. За колку време ветеринарите одговориле на пријавата за сомнителност а исто така и, за колку време превзеле мерки од денот кога ги добиле позитивните наоди од анализите?
П.С. Вашите информации, вашите прашања или пак, вашите одговори можете анонимно да ги поставите токму тука подолу, во коментарите...
Од село Бистренци се однесени мостри но сеуште нема резултати од нив.Пчеларникот е скоро 100% уништен ,односно изумрен.Моја предпоставка е дека се работи за А.Г. но не се интервенира за да не даде државата пари за отштета .Работата се заташкува и тоа дирекно од Мишо Христовски.Тоа е неговиот стил на работа.Мострите му требаат само за извештај (анкета) за да си ги оствари неговите цели ...Непотизам
ОдговориИзбриши