14. 1. 2014.

Правилник за регистрација на пчеларници и пч. семејства за 2014

Пред 5 дена, во “Службен весник на РМ, бр. 4 од 09.01.2014 година“ е објавен овој:


Некои поважни заклучоци што произлегуваат од овој документ:

Пропишано е дека идентификациската табла најпрвин треба да биде бесплатно издадена од вет. друштво (ако се побара замена - таа се плаќа)

Наместо два пати, како што беше предвидено за лани, според овој правилник, попис на бројот на пчелни семејства ќе се врши само еднаш во годината: на 1-ви април.



Во правилникот не е наведен рок до кога податоците од овој задолжителен попис треба да бидат доставени до “надлежното ветеринарно друштво“.

Во формуларот за “Податоци за одгледувалиштето на пчели“ се бара и внесување на податок за склучен договор со “надлежно ветеринарно друштво“... (можност за финансиски импликации)

Формуларот за годишниот попис се прави во 2 копии (една копија е за пчеларот, а тој истата треба да си ја чува најмалку 3 години).

Во овој документ се спомнува и веќе објавениот општ Правилник за регистрација на другите животни (клик па пребарувај: Стр. 26). Отсега значи, на регистрацијата и се влепуваат бројната состојба на пч. семејства (што е логички в ред) и, што е особено индикативно (и логички неповрзано со суштината на регистрацијата): “дополнителни податоци во однос на здравствената состојба на пчелите, мерки за ограничување на движењето и други релевантни податоци во однос на пчеларникот“.

Уште една “љубовна“ врска со ветеринарите се наметнува од формуларот: “Бројна состојба на пчелните семејства во одгледувалиштето“ а тоа е: “Број на сертификат за здравствена состојба“. Уште една финансиска импликација (при внесување на намален број поради селидба, веројатно)!

Се разбира, во овој документ нема никакви специфики во однос на селидбени пчеларници или пчеларници кои се превозни средства (мобилни).

П.С. Направена е печатна грешка во Членот 2. Наместо членот бр. 5 кој тука се спомнува, треба да стои бројката 4.

1 коментар :

  1. Време е да се основа едно пчеларско здружение на ниво на Македонија, koe ќе се занимава со барањата и интересите на пчеларите. Бидејќи во овај бизнис се претежно вклучени пензионерите кои немаат енергија за решавање на проблемите во пчеларството, ќе помине доста време додека да се мрдне напред и да се направи нешто во наш интерес. Одлуката на моменталната влада да оддели средства на име субвенции ја поздравувам, меѓутоа,ќе помине многу време за да стигнеме до состојба во која субвенции ќе земаат оние кои истите ги заслужуваат.Сега за сега, агенцијата сеуште не е заинтересирана за правилно и навремено распределување на средствата.

    ОдговориИзбриши