9. 3. 2014.

Годишна наредба за 2014


Благодарение на колегата Благоја Конески, еве, може да ја прочитаме и годинешнава “Годишната Наредба за здравствена заштита на животните во 2014 година“

Можете да ја симнете и прочитате ако кликнете на овој линк: Годишна наредба за 2014.

Истата е поврзана со добивањето на субвенциите.

За среќа, можеме да кажеме дека малата група пчелари кои на крајот од минатата и почетокот на оваа година беше застапена во консултациите околу формулацијата на односот што државата ќе го има кон болеста Американска гнилеж (Стручна група за контрола на Американска чума кај пчелите) успешно си ја заврши работата - и го растовари СЕКОЈ пчелар од Македонија од ланскиот ветеринарски “данок“.

Мора да истакнам дека освен овие пчелари, кои беа прашани за мислење, исто така свое влијание имаа и наши колеги поединци, кои преку лични и партиски канали успеаја да дојдат до лицата кои беа надлежни да одлучуваат - и ја дообјаснија и допојаснија нашата, пчеларската позиција/состојба.

Инаку, во оваа наредба (на стр. 4) се наведува еден документ: “Правилник за мерките за сузбивање и искоренување на заразни болести кај пчелите“, што се уште не е објавен!


Нема коментара :

Постави коментар