10. 5. 2013.

Повик за масовна корупција во просторот меѓу морковот и стапот


Повод за ваквиот наслов е всушност најновата вест.

Веста доаѓа од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а таа е: “Упатство за корисниците на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2013 година“ - објавена на 08.05.2013 во 15:58.

За на едно место да ги симнете на вашиот компјутер повеќето од документите кои се значајни и специфични за субвенциите во 2013 год. добар е сајтот на Федерацијата на Фармерите

Секој заинтересиран и до сега субвенциониран пчелар/пчеларка, пред да продолжи со читањето на моите размислувања, јас сметам дека треба најпрвин самостојно да си го прочита горе првонаведениот документ (и да си размисли “со своја глава“).



Со овој свој документ...

Авионското труење на луѓе и комарци

Ете, пред малку се вратив од набљудувањето на авионското труење што навистина се случи во закажаниот термин.

9. 5. 2013.

Труење на комарците во Скопје


Од утре (петок, 10-ти мај) градот Скопје ќе почне со труење на комарците (и луѓето...).

Информација за ова и другите детали има во нивното: СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА.

Продолжен рокот за попис на пчеларниците


Објавено на 19 април 2013

Под овој наслов вчера беше објавена веста од Агенцијата за храна и ветеринарство  а истата беше збогатена и дополнета (со апострофирање на “заслугата“ од Федерацијата на фармерите на Република Македонија (Пролонгиран рокот за пописот на пчеларниците). Јас направив и една своја копија од веста на Агенцијата.

Со ова свое соопштение оваа Агенција го демантира досегашниот свој систем на овластени вет. друштва (списоците што ги објавив вчера нема да бидат меродавни, но ќе станат сосем неважечки дури откако се објави нов список).

Овластени ветеринарни друштва


Објавено на 18 април 2013

Бидејќи многумина од нас пчеларите се фини луѓе и не сакаат да им се замерат на некои од ветеринарите, еве список на вет. друштва од кои можете да побарате и би можеле да ви ја завршат работата за регистрација и внесување на пописот во централниот регистер. Регистар на ветеринарни друштва .

Напомена: можно е некои од нив да ви одговорат дека не се “овластени“.

Што се тоа: “Овластени ветеринарни друштва“ можете да дознаете ако го отворите ова издание на Службен Весник, и со пребарување на зборовите (на тастатура: Ctrl + F): “Стр. 6 - Бр. 95“ ќе дојдете до “Член 24“.

Актуелен список на ваквите овластени вет. друштва не можев да најдам. Но, на 27 април 2012 на форумот на pcela.mk беше објавен овој Список на Овластени ветеринарни друштва со телефони и контакти.

Аргументи за побивање на причините за наплатување на разни такси што Ветеринарната комора им сугерира на ветеринарните друштва да ги наплатуваат од пчеларите при обавување на нивната обврска за пријава на пописот на пчелни семејства од 1-ви април 2013 година, заради заведување во централната база на податоци (Види подолу со еден клик)


Објавено на 13 април 2013

Види со еден клик
1. Точката под бр. 1 е точно наведена. Превидот што е направен е неконсултирањето на втората владина одлука (Одлука за висината на надоместоците за спроведување на системот за идентификација и регистрација на животните и висината на надоместокот за дополнителни официјални контроли) во која е децидно наведено на две места, како за Прилог 2, така и за Прилог 1: “Трошоците за системот за идентификација и регистрација за свињи и пчели согласно член 42 од Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12) во 2013 година се на товар на Програмата за здравствена заштита на животните.“

Владата ги субвенционира пчеларите... Треба ли пчеларите да ги субвенционираат ветеринарите?!?

На 26.02.2013 година Владата на Р. Македонија одржала седница на која донела (1)Одлука за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните и (2)Одлука за висината на надоместоците за спроведување на системот за идентификација и регистрација на животните и висината на надоместокот за дополнителни официјални контроли

Овие две одлуки влегле во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ а Според http://fva.gov.mk/index.php?limitstart=5&lang=mk одлукиве се објавени во Службен весник на Република Македонија бр.32 од 01.03.2013 година.