Датум на објава 06 јануари 2014
За само два дена треба да се донесе одлука (на 8-ми јануари 2014) дали воопшто и ако да, на кој начин државата ќе интервенира при појава на болеста Американска гнилеж...
Бидејки јас сум вклучен во групата пчелари кои се прашани за мислење на оваа тема, сметав дека е важно што е можно повеќе пчелари да бидат вклучени во можноста некако да се интервенира при самото донесување на ваквата поприлично далекусежна одлука.
Секој што е заинтересиран и има време за да го посвети во читање и анализа на тука предложените документи го молам мене да ми предложи сугестии на тој начин што истите по писмен пат ќе ми ги испрати на мојата е-адреса: melitagora/мајмунче/yahoo.com. Истото тоа, некој може да го стори и со контактирање на некои од другите членови на Стручната група, доколку смета дека тој член на групата би можел подобро или посигурно да ги презентира неговите аргументи.
Развојот на настаните беше ваков:
Бев поканет за на 17 декември 2013 во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство да присуствувам на состанок на група од лица која токму тогаш беше дефинирана/оформена како “Стручна група за контрола на Американска чума кај пчелите“.
Како што може да се види од документот кој ни беше предаден на сите присутни (клик врз фотка за зголемување) јас не бев официјален член на групата.
Требаше оваа група да се состанува почесто за да донесе до 31 декември 2013 некаков заеднички став и “Програма за контрола на Американска чума на пчелно легло“.
Закажување на следниот состанок не се случи се до 26-ти декември 2013, кога ми беше испратен записникот од претходниот состанок а пак наредниот состанок беше закажан за 3-ти јануари.
Овој записник можете да го симнете од ТУКА или како алтернатива, ОД ТУКА. (клик - документите се изработени во програмата Word for Windows)
Во меѓувреме овој закажан следен состанок не беше одржан, туку беше навремено презакажан за 09-ти јануари 2014.
И потоа, повторно, беше презакажан, но за еден ден порано, на 08-ми јануари.
Денес, на мое барање, откако ги испратив моите коментари и предлози до Агенцијата, на мојата е-адреса пристигнаа уште две е-пораки од Агенцијата.
{Еве ги моите КОМЕНТАРИ И ПРЕДЛОЗИ (клик, или, да се симнат алтернативно од ТУКА)}
Во една од пораките примени денес (06.01.2014) содржина беше предлогот, недозавршената Програма за контрола на Американска чума на пчелно легло (клик или алтернативно од ТУКА)
Во другата, беше коментарот-одговор на моите предлози, од координаторот на работата на стручната група, г-динот Тони Киранџиски.
Истата можете да ја симнете од ТУКА или пак, алтернативно ОД ТУКА.
Моментално јас сум со мислење да заземам став: при болеста Американска гнилеж, државата да не интервенира.
Имам и свои аргументи, но главниот аргумент ми е принципиелен: при временски цајтнот (недостаток на време) подобри се оние одлуки кои покажуваат помалку изгледи да бидат штетни.
За останатите мои аргумени во прилог на овој мој став, ќе пишувам во продолжение на оваа информација, а пак за контра аргументи на овој мој став, ве молам погрижете се вие.
(Очекувам предлози... Итно!)
Пријавите се на:
Објављивање коментара
(
Atom
)
Како пчеларот доколку има заразени пч.семејства ќе си ги наплати губитоците?
ОдговориИзбришиТоа овде од твоја страна како немешање на државата не постои,треба поинаку да настапиш,ако треба мерката да се спроведе,тогаш нека ја спроведат,но нека си наплатат од државата!
Мерката е далеку пообемна.
ОдговориИзбришиВклучува задолжително склучување договор со вет. друштво и авансно плаќање на 18 ден./сандак по пчелно семејство.
Немаат капацитет да ја спроведат, ниту пак имаат капацитет тоа да го признаат а веќе е договорено дека државата нема интерес да го плаќа самото прегледување - ќе плаќа исто како и до сега: само за дијагностиката и штетата направена со палење, но под определени услови (рано откривање), т.е. ако се зафатени голем број сандаци - тоа немало да се смета за навремено пријавување.
Во пракса математиката е ваква: сите ќе плаќаат за неколкумина да добијат отштета.
Состојбата со АГ на терен нема да се промени, тие немаат ниту капацитет, ниту доволно интерес да се бават реално со нејзино елиминирање.
Ете, не сакаат да се вратат на решението што го имаа до 2012... Јасно е зошто!
Приватните вет. друштва веќе имаат огромни ненаплатени фактури за државата! Државата не им дава за материјални трошоци - камоли за труд (работна рака).
Не постои мерка која не може да се промени,нашата спротивставеност или аномалија према ветеринарите самите тие си ја наметнаа,можеби од незнаење или од заслепеност кон парите не знам,но знам дека ова вака ако не се превземе нешто ќе оди и понатака до бескрај, на штета на пчеларите се разбира,бидејќи се покажа дека имаат јако лоби,и можат секој предлог да си го протнат низ што си сакаат,дури и посметнат на потпис!
Избришиse dodeka e miso hristovski vo veterinarnata komora za nas pcelarite ke ima novi i novi davacki.treba da se kaze deka samite veterinari ne se sposobni da se spravat so bolestite kaj pcelite nekoi od niv ne videle pceli vo zivotot a kamoli da gi lecat i nikoj ne dava garancija za nadomest na steta dokolku nekoj veterinar napravi steta od negovoto lecenje pr ako ja ubie maticata pri zemanje mostra ili upotrebi nesooodveten lek
ОдговориИзбришиЈас не знам од каде дојде таа цена 18 ден по пчелно семејство ? Во Битола ветеринарните станици наплаќаат 60 денари по пчелно семејство.И сето тоа ќе беше во ред доколку прегледот е можен.Ветеринарната станица која мене ми е матична не направи никаков преглед, само дојде на терен ги погледна друштвата од надвор и си отиде. На моето прашање како ќе провериш заразеност од амерички гнилеж, кога тој може да постои во кошницата само доколку во истата има легло, а вие вршите преглед кога јас третирам со оксална киселина и кога сум убеден дека нема легло, одговорот беше, дека, (тој)ветеринарот ќе напише дека имало легло за да сум бил јас чист пред државата.
ОдговориИзбришиЖалосно е што наместо законите кои се донесуваат да бидат во корист на пчеларите и да бидат наменети за заштита на нашите пчели, се искористуваат од страна на ветеринарите за уцена.Не плаќаш за прегледот, нема субвенции.
Незнам дали е можно да се средат работите, и да се насочат субвенциите кон унапредување на пчеларството, или , ќе продолжат да се движат во насока "Нати-Дај ми".
Да платиш 10 проценти од субвенциите кои не се знае дали ќе ги добиеш, за некоја фиктивна проверка ( контрола на америчка гнилеж) мислам дека е премногу.
Доколку агенцијата за храна и ветеринарство сепак мисли дека е неопходно да се изврши тој преглед, тогаш јас предлагам субвенциите на презимени пчелни семејства да бидат во висина од 540 денари по семејство, а останатите 60 да им ги распредели на ветеринарите, и сето тоа без малтретирање на нас, пчеларите. МЕДНО !!!
Прочитајте под точка бр. 3.
Избришиhttp://4.bp.blogspot.com/-GeMfxXL1da0/UWhglKZeW1I/AAAAAAAAAOQ/V7OBIzHlDEw/s1600/Vet.+komora+pismo.jpg
Не постои поинаков начин да се промени нешто во оваа лакрдија
Избришиосвен да се здружиме,и си запослиме свои ветеринари,па тие нека ги земаат парите,барем, ќе имаме преглед кој ќе биде реализиран на терен
и во најмала рака ќе имаме луѓе кои ќе си ја вршат совесно својата работа.
Но што би се случило ако пчеларот не сака субвенции,дали ветеринарите и на тој пчелар ќе му наплатат за прегледот?-не постои сила која ќе наплати кај пчеларите за ваков преглед а при тоа немаат субвенции.
Ова мерка повеке ми личи како да е наменета за ветеринарите отколку за пчеларите. Ако се знае дека 99 од сто од ветеринарите немат никакво познаванје од пчеларството па сега ке морат малку да прочитат нешто на брзина за да знаат за што се работи , тогаш оваа мерка е само за да се казе дека нешто се работи а суштината е да се свртат пари кон ветеринарите. Правилна процедура би требало да биде да пчеларот ако забелези постоенје или сомнез за присуство на ова болест ги извести , а тие дојдат и констатираат болест но само на повик на пчеларот а не како што се предлага обавезно вршенје контрола која како што наведоа некои колеги е чисто формална и ке нема никакви практични придобивки.
ИзбришиЗначи во ова известување под точка 2 е наведено дека контролата на секое пчелно семејство за присуство на америчка гнилеж е задолжителна и се наплатува со 59 денари по пчелно семејство.
ОдговориИзбришиНе на секое семејство. На секој пчеларник. А се наплатува по број на пчелни семејства.
ИзбришиОбрнете внимание на датумот кога ова сум го фотографирал. Оваа инструкција на вет. им лежеше во фиока се до моментот кога пчеларите доаѓаа да заведуваат пролетен и есенски попис.
Значи еве ќе копирам :
ОдговориИзбришиСогласно Одлуката на Владата, цената за наведената активност изнесува 59 (педесет и девет) денари,со вклучен ДДВ,по пчелно семејство.
Значи повторувам 59 денари по пчелно семејство. Незнам каде наоѓаш други цени. Те молам објасни ми поточно на што мислиш. Поздрав
Комората инструира да нема контрола на пчелните семејства (одделно) туку контрола на пчеларник (комплет)! А плаќањето... Да. Да се плаќа по пч. семејство!
ОдговориИзбришиЗаклучок.....
ОдговориИзбриши10 % од сеуште недобиените и несигурни субвенции треба да одат во рацете на ветеринарите кои појма немаат што е тоа амерички гнилеж и како треба да се контролира и сузбие истиот.
Уште помалку е заинтересирана агенцијата односно владата.
Од друга страна гледано, и пчеларите(сточарите) и ветеринарите ги земаат истите(заеднички) субвенции .