Има голем дел од нашите колеги-пчелари кои сметаат дека
државата преку својот ветеринарски систем,
треба да биде вклучена во борбата со заразната пчелна болест Американска Гнилеж.
Барајќи аргументи за тоа на кој начин овој систем од мерки за реакција, би имал, или немал, практично позитивно влијание на спречувањето на заразата, од искуствата во изминатите години и од ланската година, останаа некои прашања неодговорени.
Во 2013 година е извршено лабораториско испитување на мостри земени од 183 пчелни семејства во 91 пчеларници, од кои позитивно се идентификувани 70 мостри од пчелно легло на болеста Американска Гнилеж, кои потекнуваат од 9 пчеларници.
Неодговорени прашањата во контекст на овој официјален факт се следниве: