- 16 март 2014 година = Почеток на рокот за поднесување на Барање за добивање субвенции (Барањето за директни плаќања) (не важи и за пчеларите, т.е. тој рок е фактички на: 01 април 2014 година)
- 01 април 2014 година = Попис на бројот на презимени пчелни семејства. Не е објавен/дефиниран краен рок до кога треба да се изврши пријавување/заведување на оваа бројка во Регистерот (кај ветеринар) - но тоа мора да се направи ПРЕД да се поднесе Барањето за субвенција во подрачната служба на МЗШВ
- 31 мај 2014 година = Краен рок за поднесување на Барања добивање субвенции (Барање за директни плаќања)
- 31 мај 2014 година = Краен рок за поднесување на Барање за директни плаќања за премии за осигурување на (до 100) пч. семејства
- 30 јуни 2014 година = Краен рок за поднесување на барања за финансиска поддршка за набавени пчелни матици во 2014 година
- март 2015 година = Краен рок за почеток на исплата на средствата по Барањата за директни плаќања за 2014-та
П.С. Доколку имате предлог за внесување на нова информација/податок или корекција на објавениве, Ве молам, напишете Коментар.